ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата ја усвои Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042

March 8, 2022 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка на Националната развојна стратегија 2022-2042” предложена во првата фаза на проектот, информираат владините служби.

Националната развојна стратегија 2022-2042 има за цел да обезбеди долгорочна визија и патоказ за економскиот, социјалниот, културниот и еколошкиот развој на Република Северна Македонија.

Националната развојна стратегија ќе се креира преку широк инклузивен процес во кој ќе бидат консултирани сите засегнати страни во државата, вклучувајќи ги директно и граѓаните, со цел конечниот документ за визијата и иднината на Република Северна Македонија да биде консензуален и натпартиски, како и генерациски, меѓуетнички, родово и социјално сеопфатен.

Примарен фокус на Националната развојна стратегија е отворање можности, но и создавање капацитети и отпорност на општеството за справување со зголемената несигурност и ризици во светски рамки, како и за справување со глобалните трендови како што се климатските промени и дигиталната трансформација.

Процесот на создавање на Националната развојна стратегија (НРС) 2022-2042 започна во јануари 2021 година, со дизајнирање на методолошка рамка која го утврди начинот на подготвување нa стратегијата, нејзината имплементација, како и механизмите за следење на успешноста на спроведувањето. Втората фаза на проектот ќе се фокусира на самата изработка на Стратегијата и на операционализација на моделите за нејзино спроведување.

Владата ги задолжи замениците на претседателот на Владата и министерот за финансии да го координираат процесот за подготовка на Националната развојна стратегија 2022-2042 во рамки на втората фаза на проектот и на секои 6 месеци, а по потреба и почесто, да ја известуваат Владата на Република Северна Македонија за напредокот на проектот, пишува во соопштението.

Next Post

УНХЦР: Над два милиони украински бегалци за само 12 дена

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk