ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите

March 9, 2022 17:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на денешната 24-та седница ја разгледа Информацијата за економски мерки за справување на енергетската и ценовната криза, во рамките на која се донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, како и мерки за финансиска поддршка на деловните субјекти преку Развојната банка на Северна Македонија.

Пакетот мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите опфаќа

  1. Намалување на повластената стапка на ДДВ за основни производи за човечка исхрана од 5% на 0%, од април до јуни.
  2. Замрзнување на трговските маржи на основни производи за човечка исхрана.
  3. Субвенции/ Ваучери за најранливите категории за основни производи за исхрана (по 1.000 ден за 3 месеци за 35.000 корисници), односно 105 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика.
  4. Автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, односно укинување на царинските стапки за овие производи и зголемување на квотите.
  5. Продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата до крајот на годината наместо до 1 јули.
  6. Препорака за менување на методологијата за утврдување на цена за домаќинства и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, што од 1 јули ќе почне со примена.
  7. Продолжување на програмата за енергетска сиромаштија до јули 2022 година.
  8. Субвенции за пензионерите (по 1.000 денари за 3 месеци за 326.840 пензионери).
  9. Продолжува субвенционирањето на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за домаќинствата и малите потрошувачи, до јуни 2022 година.
  10. Субвенционирање на цената на топлинска енергија.
  11. Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините преку користење на поволен кредит од Светската банка спроведен од Министерството за финансии за намалување на потрошувачката енергија во јавните објекти.
  12. Поедноставување на постапката за поставување сончеви панели на објекти.
  13. Препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа, која ќе важи од март до јуни.
  14. Одложување на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенсите.
  15. Намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, со што се намалува цената на овие горива.
  16. Намалување на акциза врз основа на берзанските цени, за ублажување на влијанието на цените на берзата со што ќе има директно влијание на цената на горивата на бензинските пумпи.
  17. Ослободување од ДДВ при увоз на електрична енергија да не се плати при увоз туку во промет.
  18. Препорака за општините да го реорганизираат јавниот превоз да биде достапен во корист на сите граѓани.

Мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти преку Развојната банка на Северна Македонија вклучуваат:

  1. Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ќе ја реинвестираат добивката за 2021 година.
  2. Финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите.
  3. Кредитирање преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства.
  4. Користење на Гарантниот фонд на Развојната банка.
  5. Кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
  6. Се воведува нова поволна кредитна линија со поддршка на Европската инвестициона банка за зелена транзиција вредна 100 милиони евра.
  7. Поволни кредити за Зелено финансирање, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, преку УНДП и комерцијалните банки во земјата во висина од 45 милиони евра, за физички и правни лица за инсталирање на фотоволтаици и средства за енергетска ефикасност.
  8. Препорака за рационално користење и штедење на електричната енергија и на другите енергенси со сет активности за спроведување на мерката.

 

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Ограничен е извозот на масло од сончоглед до 31 мај

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk