ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за култура продолжува со заштита на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот во Ресен

March 9, 2022 16:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура продолжува со активности за заштита на објектите што се од национално културно историско наследство, а се наоѓаат во Општина Ресен, пренесува МИА.

За време на денешната посета на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беше информирана за динамиката на активностите кои стручни лица ќе ги вршат за заштита на објектите.

– Во мај годинава стручен тим конзерватори од битолскиот Завод за заштита на спомениците на културата ќе продолжат со реализација на нови фази од конзерваторско-реставраторските работи на архитектурата и  конструкцијата, како и на ѕидното сликарство на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново. Овој значаен споменик на културата, познат по фреската на светецот Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“, е ставен на Привремената листа за културно наследство на УНЕСКО, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска при денешната работна посета на Курбиново каде се наоѓа овој значаен и автентичен споменик на културата од 12 век.

Таа информираше дека за конзервација и реставрација на овој македонски црковен бисер се издвоени  околу 14 милиони денари.

Министерката за култура Костадиновска–Стојчевска го посети и Сарајот на Ахмед Нијази-бег, импозантен архитектонски објект во кој е сместен Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

-За втората фаза од реконструкцијата на објектот, Министерството за култура обезбеди 2 милиона денари, рече министерката за култура и потсети дека работите на објектот започнаа минатата година, а зимскиот период е искористен за изготвување на потребната проектна документација. – Со тоа ќе се овозможи во текот на годинава да се пристапи кон практични активности за непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект за целата држава, додаде Костадиновска – Стојчевска.

Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење за целокупната заштита на нашето културно богатство, информираа од Министерството за култура по денешната посета на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во Ресен.

Next Post

Зеленски: За предавство од 15 години до доживотен затвор

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ