ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штипскиот Центар за култура ќе ја отвори „Галерија 22“

March 9, 2022 17:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ и Народниот театар-Штип деновиве имаат низа на културни настани. Беше промовиран и проектот за укоричување на поставени драмски текстови.

Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков најави дека утре и во петок публиката ќе може да ги проследи гостувањата на ХНК од Вараждин, Република Хрватска со претставата „Енигматски варијации“ и НУЦК „Бели мугри“ од Кочани со монодрамата „Избувливиот човек“ која во Штип ќе се игра по третпат.

– Денес ја правиме и промоцијата на проектот за укоричувањето на драмските текстови. Еве и еден повик до сите штипјани и граѓаните на околните градови, коишто во својата библиотека имаат драмски дела: ако сакаат да ги донираат истите, ние би сакале да создадеме вредна библиотека од драмски текстови коишто ќе ни служат како добра основа за развој на театарот во нашиот град, вели Трајков.

Во сабота свечено ќе се отвори „Галерија ’22“. Откако изминатиов месец активно се реновираше фоајето на Домот, а отворањето ќе биде пропратено со низа активности и културни збиднувања кои се дел од целодневната програма.

– Во сабота е отворањето на оваа Галерија, еве испраќам една покана до сите љубители на уметноста да дојдат во сабота, во 12 часот, да проследат низа активности коишто ќе се случуваат. Ќе имаме отворање на ликовната изложба од Валентина Илиевска, потоа имаме промоција на наградената поема „Цветко“ од Трајче Кацаров, па промоција на списанието за уметност од Центарот за култура „Ацо Шопов“, кој е апстракт од штипскиот весник „Штипски глас“. Ќе имаме и музичка програма, а во вториот вечерен дел имаме изложба на жени уметници од Истокот, од три града во државата: Виница, Кочани и Штип. Ќе го претставиме нивното творештво во чест на месецот на жената. Потоа ќе имаме и музички точки со рок и џез музика, а за најмладите, секако, следува и забава, рече Трајков.

Прозорските стакла на новото фоаје се витраж изработен од младиот ликовен уметник Ристе Мицевски. Изминативе неколку недели во рамки на ликовното ателје се изработуваат и мозаици од ученици од основното училиште „Ванчо Прке“, кои треба да го разубават Центарот за култура на 15 април, Светскиот ден на уметноста.

извор: МИА

Next Post

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk