ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати

March 10, 2022 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Тупанчески, денес потпиша девет договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.

– Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност, рече министерот Тупанчески.

Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.

– ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките. Верувам дека овој чекор, за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем, додаде министерот.

Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство.

Владата на Република Северна Македонија минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

Next Post

(ВИДЕО) Џепар: Путин си постави цел да го истреби целото цивилно население на Мариупол

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk