ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна собраниската седница за измени и дополнувања на законите за ДДВ и за акцизи

March 11, 2022 16:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието почна со работа по 67-та седница, на чии дневен ред се предлозите за измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност и Законот за акцизи и двата по скратена постапка, пренесува МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево ги повика пратениците што побрзо да ги усвојат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за акцизи, за да се обезбеди брза имплементација на донесените мерки за заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите.

Тој посочи дека со измените и дополнувањата на двата закона ќе се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати и ќе се ублажи ценовниот шок.

– Овие Закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 проценти. Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 проценти при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски потенцира дека со усвојувањето на предлог-законите ќе овозможи да се реализираат дел од планираните владини мерки од пакетот со 26 мерки кои Владата ги донесе неделава, со кои пред сè ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски пред одржувањато на денешната собраниската седница, најави дека Пратеничката група на оваа партија ќе гласа за предложените мерки од владата иако смета дека се задоцнети и недоволни.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пет амандмани со четири суштински забелешки за кои ќе се разговара на Комисијата за финансирање и буџет и се надеваат дека власта ќе ги прифати. Според Стојановски, ќе побараат 50 проценти намалување на акцизата за бензинот и дизел горивата, 100 отсто намалување на акцизата за плинот и метанот, намалување на ДДВ за греењето од 5 на 0 проценти, намалување на ДДВ за енергенсите од узвоз од 18 на 5 проценти и тоа да трае до крајот на годинава.

Алијансата за Албанците, пак, соопшти дека доставила нацрт-амандмани на измените на законите за ДДВ и за акцизи, со кои се предлага акцизата за дизел горивото од 15,5 да се намали на 9 денари, а за бензините од 22 денари на 15 денари, како намалување на ДДВ-то за овие горива 18 проценти на повластена стапка од 5 отсто.

Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Next Post

Рама: Би биле лесен плен за секого, но никој ништо не ни може бидејќи сме во НАТО

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk