ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сите пратеници да ги поддржат законите од пакетот антикризни мерки во Собранието

March 11, 2022 17:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на најголема економска и енергетска криза, во која се наоѓа Европа и светот, се чувствуваат силни последици од она што се случува на глобоално ниво, растат цените за храна и енергија, изјава за медиуми на СДСМ, Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

„Почитувани во собраниска процедура се поднесени повеќе економски мерки вредни 400 милиони евра директно насочен кон заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството.

Целосно се укинува ДДВ за основните производи храна, на 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.

Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи, и тоа од сите земји во светот.

На овој начин го ублажуваме влијанието на ценовните шокови врз основните прехранбени производи.

Понатаму, ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%.

Со оваа мерка која очекуваме да стапи на сила веднаш по усвојување на законите во Собранието, бензинот ќе поефтини за 11,5 денари а дизелот за 10 денари.

Дополнително, целосно ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

За ранливите граѓани воведуваме парични ваучери од 3.000 денари. Над 35 илјади граѓани ќе имаат директен бенефит од оваа мерка, што во време на глобална енергетска криза е добредојдена.

Новите 26 мерки се целосно насочени кон користење на сите ресурси на државата во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Тоа е правилно и вистинско.

Денеска на собраниска седница се измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност и на Законот за акцизите.

Станува збор за измени со кои ќе се реализираат клучни мерки од антикризниот пакет кој го изработи Владата.

Ги повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на овие измени што за граѓаните ќе значат поевтина храна и ублажување на последиците од поскапувањето на горивата.

Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска да покажат одговорност, и ако не сакаат да помогнат, барем да не одмагаат.

Итноста на ситуацијата со огромната светска економска и енергетска криза, налага овие закони да бидат донесени што побрзо. Граѓаните не смеат да чекаат ниту ден повеќе“, истакна Велковски.

Next Post

Дронот кој падна во Загреб, најверојатно е од советско производство од 1970 година, марка Тупољев Ту-141 Стриж

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk