ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Ал-Атија: Северна Македонија и Катар имаат огромен потенцијал за развој на одбранбената соработка

March 15, 2022 17:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија како НАТО земја – членка сака да развива блиски одбранбени односи со важните партнери на Алијансата, како што е Катар. Оваа прва средба е само почеток на една плодна соработка на која сме исклучително посветени и убедени дека има огромен потенцијал“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со вицепремиерот и државен министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија, кој престојува во својата прва официјална посета на Северна Македонија и на Министерството за одбрана.

Зборувајќи за безбедносната ситуација во светот, министерката Петровска и катарскиот вицепремиер и државен министер за одбрана се согласија дека најкусиот пат кон мирот и стабилноста е дијалогот.

„Ја цениме улогата на Катар во унапредувањето на глобалната безбедност. Би сакала да изразам најдлабока благодарност за помошта и поддршката од Катар  минатиот септември, при евакуацијата на македонските граѓани од Авганистан“, рече министерката Петровска.

Петровска потенцираше дека Северна Македонија е подготвена да продолжи со интензивни контакти за усогласување и потпишување на Меморандум за соработка во областа на одбраната со Катар, не само како правен документ, туку како конкретен план на активности за соработка.

„Потенцијалот за блиска одбранбена соработка е навистина голем. Армискиот полигон ‘Криволак’ нуди одлични можности за вежби и обуки кои ќе бидат од корист и за двете вооружени сили. Имајќи го предвид негативното влијание на дезинформациите и лажните вести, во Министерството развиваме Центар за справување со овие закани и тоа може да биде уште една одлична можност за билатерална соработка“, рече министерката на состанокот.

Петровска истакна дека Северна Македонија и Армијата се отворени и за соработка во доменот на Центарот за обука на пилоти и заедничките инвестиции во инфраструктурата.

Катарскиот вицепримиер и државен министер за одбрана Ал-Атија порача дека Северна Македонија е важен пријател и партнер на Катар и изрази подготвеност за продлабочување на одбранбената соработка. Тој го честиташе членството на Северна Македонија во Алијансата и се согласи дека можностите за развивање на соработката во одбраната се извонредни, а неговата неколкудневна посета на Северна Македонија ќе придонесе кон конкретизирањето на областите на соработка.

Во рамките на посетата високата делегација од Катар ќе го посети и армискиот полигон „Криволак“, а ќе има средби и со највисокиот државен врв на Северна Македонија.

Катар е дел од Истанбулската иницијатива за соработка на НАТО, а практичната соработка на Алијансата со оваа држава се остварува преку Индивидуална програма за партнерство и соработка и преку програмата „Наука за мир и безбедност“ фокусирана на напредната технологија поврзана со сајбер безбедноста. Истанбулската иницијатива за соработка е креирана на истанбулскиот Самит на НАТО во 2004 година и освен Катар, во оваа иницијатива членуваат и Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Next Post

Регистрирани вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели од средината на февруари

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk