ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груби-Брнс: Партнерството со САД е од витално значење за нашата земја

March 16, 2022 18:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнс.
Груби, како што соопшти неговиот кабинет, со амбасадорката Брнс разговарал за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оценил огромен дел од меѓународната заедница.

Груби и Брнс на оваа средба истакнале и дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, но и што по скорото отворање на преговорите со Европската Унија е од големо значење, особено во ова време на кризна состојба што го зафати светот.

-Тие разменија мислења и за отворениот спор меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Во оваа прилика Груби ја истакна потребата на уште поголема американска и европска помош кога се работи за спорот меѓу Скопје и Софија, како и потребата Владата на Република Северна Македонија да го задржи реформскиот курс, се вели во денешното соопштение.

Првиот вицепремиер Груби ја информирал амбасадорката Брнс и за Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект во државата, важноста на неговата изградба за економскиот развој на земјата, што се очекува да започне кон средината на оваа година од добро познатата Американска компанија Бехтел Енка.

Груби ја елаборирал заложбата на Владата на Република Северна Македонија за минимизирање на последиците од светската економска и енергетска криза, потенцирајќи го пакетот од околу 26 економски мерки и сите потребни интервентни механизми за одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Истовремено, Груби пред Брнс ја изразил и важноста што нашата земја ја придава на почитувањето на препораките усвоени на Конференцијата за Сајбер безбедност во Прага или инаку позната како Прашки предлози за процесот на инсталирање на 5G мрежата.

Амбасадорката Брнс, пак, нагласила дека сегашната безбедносна криза во Европа најдобро ја илустрира потребата од систематски и поголем фокус на евроатлантската заедница во регионот и во Република Северна Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата. 

Next Post

(ВИДЕО) Руски тенк пука директно во цивил

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk