ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Избрани претседател, член и заменици на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата

March 16, 2022 17:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на 66-седница ја избра Марија Георгиевска пратеник од СДСМ и Коалицијата за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За член на Комисијата беше избран пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а за заменик член  Хусни Исмаили од Алтернатива. За заменик член на оваа Комисија беше избран Елми Азири од Алијанса за Албанците, јавува МИА.

Во образложението на Одлуката стои дека според моменталното процентуално учество на политичките партии во вкупниот број пратеници СДСМ и Коалицијата имаат 36,67 проценти, ДУИ 12,5, Алијанса за Албанците 6,67, Алтернатива 3,33, Левица и Движењето БЕСА 1,67, а ДПА 0,833 проценти.

-Врз основа на бројот на пратениците во составот на оваа Комисија СДСМ и Коалицијата учествува со пет пратеници, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата со пет, ДУИ со два, и Алијанса за Албанците со еден пратеник, со што, како што се нагласува е пополнет составот на Комисијата, се вели во образложените на донесената Одклука.

Георгиевска беше избрана на местото на пратеникот Костадин Костадинов кој беше претседател на Комисијата и кому му престана пратеничкиот мандат заради избор на друга градоначалничка функција, што беше констатирано на седница на Собрание на 5 ноември 2021 година.

Од функцијата член на оваа Комисија претходно на седница одржана на 3 март годинава беше разрешен пратеникот Фадил Зендели, поради што мнозинството на негово место го предложи, а Собранието го избра пратеникот Дарко Каевски од СДСМ и Коалицијата.  Каевски претходно беше заменик член на Комисијата, место кое сега се пополнува со пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива на предлог на СДСМ и Коалицијата.

Заради соодветна застапеност со Одлуката на Алијанса за Албанците и се доделено место заменик член на Комисијата, место за кое Собранието согласно усвоената одлука го избра Елми Азири од Алијанса.

Пред гласањето на Одлуката за збор се јави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој истакна дека оваа партија и Коалицијата нема да ја поддржат бидејќи, како што рече, со неа се крши Деловникот.

Оваа одлука, како што рече, мнозинството во Собранието ја носи врз основа на силата на бројноста и бројките, а не врз оснона на силата на правото и Деловникот. Ние, нагласи Мицевски, „нема да гласаме за неа, затоа што не сакаме да ви ја легализираме дивоградбата што сакате да ја поставите“.

За останатите точки од оваа седница, со оглед на тоа што не биле поминати на матичните работни тела, ќе се расправа на продолжение на оваа седница. За попладнево се закажани седници на неколку работни тела, кои треба да расправаат по овие точки. Како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери по завршувањето на седниците на комисиите, Собранието ќе продолжи со работа по точките од 66. седница.

Оваа пленарна седница почна вчера, но, поради немање кворум дневниот ред не беше усвоен и таа продолжи денеска.

По прекинувањето на оваа 66. седница, Собранието продолжи со работа по други собраниски седници, при што донесе повеќе законски решенија.

Next Post

Од утре нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk