ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Образовната и социјалната политика ја усогласнуваме со стандардите на ЕУ преку зрели проекти

March 16, 2022 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и министерот за образование наука, Јетон Шаќири, одржаа онлајн координација со Секторските работни групи, а во присуство на донаторската заедница.

Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важност на овие сектори кои имаат за цел создавање дополнителни и подобри работни места, нови инвестиции во образованието и науката и мобилизација на сите релевантни чинители како предуслов за подобри социјални стандарди во целото општество и создавање на квалификувани работници кои ќе можат да одговорат на потребите на пазарот на трудот.

-Целите на образовната и социјалната политика, како и вработувањето на Северна Македонија се добро усогласени со столбот на ЕУ за социјални права и политиката на ЕУ за фундаментални права и родовата Стратегија. Ова ја покажува нашата посветеност да продолжиме да инвестираме за да ги намалиме идентификуваните недостатоци, сето тоа во согласност со стандардите на ЕУ, рече Маричиќ.

Вицепремиерот на состанокот информираше дека повторно се вклучуваат Ромите во оваа Секторска работна група, верувајќи дека со ова ќе обезбедиме подобра средина за дискусија за политиките за социјална инклузија, а ја потенцираше и важноста од учеството на граѓанските организации на состаноците на Секторските работни групи за побрзо обезбедување на теренски информации и поефикасно спроведување на приоритетите.

Маричиќ го презентираше новиот пристап за работата на сите Секторски работни групи, како најважен механизам за транспарентна и инклузивна координација на секторската политика и планирање на донаторската помош, вклучително и ИПА, нагласувајќи дека Секретаријатот за европски прашања постојано ќе информира за дискусиите и активностите на секторските работни групи

-Решивме да ја воведеме оваа промена со цел унапредување на политичкиот дијалог преку инклузивен и транспарентен пристап во секторските политики, а фокусот на состаноците го  ставаме на презентација и дискусија за секторските стратешки приоритети и начинот на кој може да се добие донаторска помош за имплементација на националните приоритети, кажа вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот информираше дека активен е процесот на програмирање на ИПА 2023-2024 и ги повика координаторите на ИПА да започнат со организирање на состаноците на техничко ниво со вклучување на донаторите и граѓанските организации.

 

 

Next Post

Тренчевска: Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал се приоритети на кои посветено продолжуваме да работиме

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk