ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочниот економски раст на една земја

March 16, 2022 17:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, советничката на претседателот на Владата на РСМ, Нина Фити, претставници од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, оддржаа работен состанок со претставници на Светска банка во земјава, на кој беше присутен и програмскиот лидер за човечки развој за земјите од Западен Балкан и главен економист во Светска банка, Јамеле Риголини.

Тема на денешниот работен состанок, беше „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија. Во моментов е изработена работна верзија, која наскоро треба да биде поставена на ЕНЕР, а со тоа се отвора и можноста на јавноста за коментари и сугестии, кои може да придонесат за нејзино понатамошно унапредување.

На состанокот беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да овозможи забрзан, инклузивен и одржлив развој на земјата. Затоа вклученоста и меѓусекторската соработка на образование, здравство, социјална политика и труд и финансии, се од клучно значење за дефинирање на приоритетите содржани во стратегијата.

Според соговорниците инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочниот економски раст. Стратегијата за човечки капитал, се заснова на подобрување на квалитетот на услугите во образованието, здравството и социјалната заштита, акцентирање на потребите на  ранливите категории граѓани, зголемени инвестиции во човечки капитал и истовремено зголемена ефикасност на инвестиции и зајакнување на управувањето и зајакнување на капацитетите на секторите за човечки развој.

За „Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, наскоро ќе биде отворена широка јавна дебата со вклученост на институциите и граѓанскиот сектор. Вложувањето во развојот на човечкиот капитал е вложување во развојот на едно општество.

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Избрани претседател, член и заменици на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата

НАЈНОВО

Селим Ибраими

Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

November 4, 2025
Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk