ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот

March 22, 2022 17:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инспектори на Управата за јавни приходи вршат контрола во маркетите на „КАМ“ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција, пренесува МИА.

Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

–  Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.

Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.

– Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.

За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.

Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.

– Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, стои во соопштението од КАМ маркет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стоилковски не успеа да го спречи Каевски - во дворот на Белата палата се презентираше незаконското богатење на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

ПМГ Рекордингс Фестивал 14 – тридневен музички настан во МНТ и Јавна соба

October 15, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk