ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ: Владата донесе одлука за испорака на пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорачаме и на Северна Македонија според договорот

March 24, 2022 17:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Владата денеска донела одлука за испорака на 27.000 тони пченица и брашно во Албанија, како и значителни количини пченка, како и дека во рамките на Отворен Балкан, според договореното, ќе и биде испорачано и на Сверна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Бидејќи во Албанија не можат да примат 35.000 тони пченка, според Вучиќ, еден дел останува во складиште во српските магацини.

-Тие се од Отворен Балкан, а барања добивме и од Северна Македонија. Ќе испорачаме се во согласност со договорот. А потоа ќе доставиме до БиХ и Црна Гора. Добивме барања од БиХ за количини поголеми за 6.000 тони отколку за целата измината година. Но, мислам дека тоа нема да биде посебен проблем за нас, кажа Вучиќ за ТВ Пинк.

Вучиќ истакна дека Србија има доволно пченица, пченка, сончогледови семенки, масло и посочи дека сега сите од Србија бараат поголеми количества пченица и пченка.

-Сите бараат поголеми количества пченица и пченка, иако имаат помалку жители, поради одливот на граѓани. Тие бараат и сончогледови семенки и сончогледово масло. Денеска ги имавме првите разговори, а сега ќе имаме средба во Јастребац бидејќи откривме три договори кои се антидатирани (пред забраната за извоз), со накнадно зголемена количина на шеќер и брашно, а во тоа учествуваа наши и странски компани, објасни тој.

Во регионот владее побарување за српска пченица и пченка, поради што на дело се злоупотреби и фалсификување на постоечките договори, пишува Блиц.

Вучиќ на прашањето на весникот што се случува со фалсификувањето на претходно потпишаните договори за извоз, изјави дека „измамниците ќе мора да одат во затвор“.

-Сите земји од регионот бараат од Србија поголеми количества пченица и пченка отколку што потрошиле минатата година. Само земјите од регионот и Италија бараат итна испорака на околу 400.000 тони пченица. За која количина станува збор можеби најдобро се гледа кога ќе се знае дека вкупните резерви на пченица на нашата земја во моментов изнесуваат 800.000 тони. Кога станува збор за пченката, регионот бара итна испорака од 690.000 тони, а нашите резерви во моментов се милион тони, иззјави Вучиќ.

Претседателот на Србија затоа побара од премиерката Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и безбедоносната агенција БИА да се позанимаваат со контролата на антидатирањето на договорите кои беа потпишани претходно.

Според соопштенито на српската Влада, на деншната „седница беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Албанија, врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделски прехранбени производи.“

Next Post

Тренчевска-Силвестри: Сработката со Италија е важна за македонските евроинтеграции

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk