ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кутриот Мицкоски

March 27, 2022 20:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во две минути од интервјуто на Христијан Мицкоски за ТВ 21 се откриваат сите негови политички, но и лични фрустрации. Неверојатно! Во државата има структури што не сакаат чесност, визија и работа, а сакаат да го тргнат него, да го нема, „по можност и физички“. И се пожали од закани. И дека нема обезбедување од државата…

Ова дојде од шефот на најбогатата партија во Европа. Тоа е истата партија што се „прослави“ со 11-годишна организирана пљачка на државата, изборни кражби, структурно насилство и кршење на човековите права и слободи. И во ниту еден момент не се извини и не се огради од своето неодамнешно минато.

Самата партија располага со мала армија „горили“ за кои е познато дека се вооружени до заби. Дури и нејзиниот портпарол се однесува како уличар и насилник. Ете, тој се пожали дека државата не му дала обезбедување! Според анонимни извори на Фронтлајн (февруари, 2020), дури и неговата сопруга одела на работа (во средно училиште) со службеното возило и обезбедување на партијата.

Никогаш не објасни ништо пред јавноста, ниту за своето минато кога одеднаш се стекна со хидроцентрали, ниту кога наводно ги продаде. Не одговори на ниту едно прашање, а ја држеше партијата во тотална изолација за време на сите клучни процеси од падот на режимот наваму. Неговата партија ревносно ги кочеше и сѐ уште ги кочи сите важни процеси во парламентот, а особено беше успешна во кочењето на правосудните реформи и законот за Јавно обвинителство. Јавно не искажа ниту еден став за било кое значајно прашање за земјата, за регионот или за светот. Ниту еднаш, откако го поставија на тронот на партијата. А секаде се појави како кочничар, иако и тоа гледаше да не го направи премногу јавно.

Затоа ли треба да му платат граѓанките и граѓаните полициско обезбедување на Мицкоски? Покрај партиското кое го има во секој момент? Од партијата што се финансира од буџетот на Северна Македонија и од кој знае колку други места?

На Мицкоски не му е потребно обезбедување, го има. Нему му е потребна храна за неговата безгранична потреба да биде V.I.P. Никој не сака да го тргне, ниту политички, ниту физички. Некои велат дека дури е и најдобро да остане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ѝ штети на сопствената партија. Партијата под негово водство изгуби во сите политички битки и процеси, освен локалните избори во 2021, иако и за тоа постојат релевантни анализи дека тој нема заслуги за тоа.

Во тие две „критични минути“ од интервјуто, Мицкоски се пожали дека секојдневно добивал закани, дури и по неговиот живот. Кутриот тој. Тој што пцуе како кочијаш по социјалните мрежи, се жали на говор на омраза против него. Тој и неговата партија се дел од меѓународни извештаи за дезинформации и стекнаа светска „слава“ како креатори и дистрибутери на дезинформации и црна пропаганда.

Треба ли да ги споменеме сите насилства, почнувајќи од 27 април 2017 година, нападите врз медиумите и опонентите, па сѐ до директните закани и насилничко однесување за време на локалните избори 2021 година? И тоа само откако Груевски го назначи за свој наследник, за да му го грее столчето додека тој не се врати во земјата (ако некогаш се врати).

Ако навистина има говор на омраза против него, тоа е за осуда и мора да запре. Како што и тој може еднаш, барем еднаш (!), да го осуди говорот на омразата во кој се повикува на истребување на цели етнички заедници. Може барем еднаш (!) да ги повика партиските милитанти да престанат со гнасни навреди, омраза и повици за егзекуција на политичари, новинари, интелектуалци, уметници, јавни личности… Ама како? Па тие се дел од партијата! Тоа се ботовите и троловите кои се ухлебени во партијата, но и во државната администрација, општините, полицијата, армијата, школите… Како ним да им каже дека треба да престанат?

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk