ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Оптимизмот меѓу Скопје и Софија се должи на позитивната атмосфера последните месеци

March 30, 2022 18:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оптимизмот и од Скопје и од Софија се должи на позитивната атмосфера која ја создадовме последните месеци преку континуирани средби на политичко ниво. Волјата е тука, динамиката е тука, предлози има на маса. Решение ќе има кога ќе има решенија за сите аспекти, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, jaвува МИА.

Прашан на што се должи позитивната атмосфера меѓу Скопје и Софија, Османи потенцираше дека се должи најмногу на континуираните средби на политичко ниво, меѓутоа и интензивните средби на секторските работни групи.

-Оптимизмот се должи на интензивните средби на секторските работни групи, кои секоја недела со една позитивна волја и со вложеност произведуваат резултати. Бројни меморандуми кои ги набројав на последната средбаа, договори, конкретни проекти кои на некој начин ја враќаат довербата меѓу двете влади, а се надевам и двете општества, додаде министерот.

Оптимизмот, како што рече, се должи и на честите средби на групите по однос на политичките прашања.

-Размената на идеи, искреноста во пристапот. Забележувате дека нема првокации помеѓу двете страни кои се испраќаат преку посредни канали, туку сето тоа што го имаме како став го кажуваме најпријателски и најотоврено на маса, и се обидуваме да најдеме достоинствено решение, кое на крај треба да ги остави и двете страни или подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни, рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, волјата е тука, динамика има, предлози има на маса. Како што рече, решение ќе има, кога ќе има решение за сите аспекти.

-Од прв ден збирувам за сеопфатен документ, за сеопфатно решение, кое во еден момент ќе ги реши сите аспекти од проблемот. Се додека имаме разлика за еден елемент од целиот пакет, не можам да кажам дека имаме решение за целиот пакет. Меѓутоа динамиката, волјата и пристапот даваат надеж. Дали ќе има решение, не може никој да потврди во моментот, додаде Османи.

Во однос на работата на историската комисија, министерот рече дека последниот состанок во Софија беше еден од најконструктивните во последните месеци и последните средби на Комсијата, во кои се постигнати одредени резултати.

-Последниот состанок во Софија беше еден од најконструктивните во последните месеци и последните средби на Комсијата, во кои се постигнати одредени резултати. Но, очекуваме сето тоа да се вклопи во овој сеопфатен процес на решенија кои сакаме да ги псотигнеме. Затоа, не можеме сукцесивно однапред да ги кажеме тие резултати, се додека не се најде одговор за сите прашања, додаде Османи.

Министерката Едштадлер на заедничката прес-конференција во одговор на прашање потенцираше дека нејзиниот оптимизам во однос на Скопје-Софија постои по последната средба во Софија, каде водела разговори со многу министри, но и со премиерот. Како што рече, имала позитивен впечаток од премиерот на Бугарија дека сака да го стори она што е неопходно.

-На почетокот на февруари бев во Софија, водев разговори со многу министри, меѓудругото и со премиерот, и тоа ми остави позитивен впечаток. А особено имав позитивен впечаток од премиерот дека тој сака сега да го стори тоа што е неопходно и во врска со оваа цезура што ја доживеавме во Европа, поради Украина, тоа е сега особено важно. Затоа треба да останеме доследни на оваа идеја, рече Едштадлер.

Како Европска Унија, таа рече дека ќе се обидат да го поддржат овој процес што е можно подобро.

-Што треба да сториме ние како ЕУ. Ние може да се обидеме да го поддржиме овој процес колку што може подобро. Тоа е и пораката што ја испраќам со мојава посета. Ние сакаме да ве поддржиме, да ве охрабриме. Ние не можеме се разбира да дадеме решение однапред за билатералните разговори, но верувајте ми во едно – Последниве две години за да почне процесот на пристапување за Северна Македонија и Албанија, ние немавме партнери за разговор во Бугарија. Но сега притисокот е поголем , така што сега веќе и кај нив постои готовност за решавање на проблемот, додаде сојузната министерка.

Посочи дека Австрија секогаш имала големо разбирање за Западен Балкан, го поддржува, и се надева дека ова е последниот разговор пред Меѓувладината кофнеренција и дека после ќе можат да преминат да рагзовараат на поединечните теми во рамките на процесот на пристапување.

Next Post

Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Започнува зимското сметање на времето: Во недела стрелките еден час наназад

October 24, 2025

„Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

October 24, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk