ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Франција не предвидува прекин во снабдувањето со руски гас поради плаќањето во рубљи

April 1, 2022 15:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето на Москва за плаќање на нејзиниот гас во рубљи не треба да предизвика прекин во испораките, изјави денеска француската министерка за еколошка транзиција Барбара Помпили, јави дописникот на МИА од Париз.

– Информациите што ги добивме од Москва во последните денови и часови имаат тенденција да нè наведат да веруваме дека компаниите ќе можат да продолжат да плаќаат во евра на банките кои самите ќе треба да ги претворат своите евра во рубљи, а особено на Газпром банката, рече таа, одговарајќи на прашања пред Комисијата за економски прашања на Националното собрание на Франција.

Помпили рече дека од моментот кога компаниите плаќаат во евра, договорите се почитуваат и затоа тоа не менува многу за компаниите. „Така што во оваа фаза немаме ризик од прекршување на овие договори доколку ова решение е имплементираното решение. И затоа а приори нема прекин што би можел да се иницира од увозот на руски гас“, додаде таа.

Според неас, „оваа исплата во рубљи е мерка за поддршка на рубљата пред сè, но тоа всушност не е одмаздничка мерка во однос на европските компании“.

„Тоа не не спречи да работиме за да бидеме се помалку и помалку зависни од увозот на руски гас“, рече Помпили.  

Европејците одбиваат какво било плаќање во рубљи што го бара Москва.

„Од наша гледна точка, наметнувањето плаќање во рубљи би претставувало прекршување на повеќето договори: договорите потпишани од француските компании, особено со Газпром, се деноминирани во евра и затоа компаниите се легитимни да одбијат промена на валутата. Руската централна банка може да го поправи девизниот курс што го сака, што би претставувало еднострано фиксирање на цените на гасот и би се состоело во пренасочување на санкциите, што очигледно не е прифатливо“, рече француската министерка за еколошка транзиција. 

Next Post

Демант на МВР: Доколку и има злоупотреба, ВМРО-ДПМНЕ одговорност да бараат од тогашниот министер Чулев

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk