ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Грижата за лицата со попреченост е наша одговорност и приоритет

April 1, 2022 15:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска се сретна со родителите на децата со попреченост кој најавуваат протести за да ги слушне нивните барања, а со цел да се разгледаат реалните можности за нивно реализирање, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката се осврна на социјалната реформа со која правата и услугите за лицата со попреченост видливо се подобрени.

„Правото за попреченост се прошири и за лицата со  интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата без разлика на возраста на децата,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека, за првпат во нашата држава, се воведе услугата персонална асистенција за лица со потешка или најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица финансирана од Буџетот на МТСП, како и услугата помош и нега во домот за децата и лицата со интелектуална попреченост или стари лица со намалена функционалност.

„Воведовме додаток – траен надоместок за родител, , во висина на 8000 денари, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита (сместување во институција), кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж,“ посочи Тренчевска.

Развојот на современите политики за лицата со попреченост се видливи и преку воведувањето на Меѓународната класификација на функционирањето при проценката на децата со попреченост.

Министерката истакна дека, со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно се заменува со немедицинско гледање кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал.

Владата од оваа учебна година обезбеди средства за вработување на 500 образовни асистенти во наставата за кои се обезбедени 216 милиони денари и кои се поддршка на наставниците во работата со учениците со попреченост, а Министерството за труд и социјална политика направи законски измени со кои возрасната граница за користење на услугата на личната асистенција ја намали од 18 години на 6 години, со што сакаме да го поддржиме вклучувањето на децата во  редовниот образовен систем и во општеството во целина.

Министерката информираше и за програмите и мерките на Оперативниот план, кои предвидуваат oбука и вработување на невработени лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата. Лицата кои ќе се обучат можат да бидат даватели на социјалните услуги, услуги за одмена на семејна грижа, и социјално-здравствени услуги со кои се обезбедува долготрајна грижа за болни лица. Ова е можност и за невработените родители за деца со попреченост да се обучат и вработат  , со што ќе обезбедат приход за себе и своето семејство.

Министерката потенцираше дека за Владата и Министерството за труд и социјална политика, грижата за ранливите категории граѓани, особено лицата со попреченост е високо на агендата на приоритети. Потврда за тоа е непосредноста и отвореноста за комуникација со цел да се разговара за потребите и предизвиците на лицата со попреченост и нивните семејства, а со цел да се унапредат нивните права. За тоа потврдува и денешната средба, која беше иницирана да се слушнат нивните барања и да се пристапи кон нивно решавање.

Next Post

Франција не предвидува прекин во снабдувањето со руски гас поради плаќањето во рубљи

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk