Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски, реагираат од СДСМ на објавата од Мицкоски на која е прикажано како тој и Александар Николовски се во Будимпешта во штабот на Орбан.
Од СДСМ прашуваат дали Груевски му ја кажа и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?
„Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
			




