ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воена церемонија за почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“

April 3, 2022 14:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во кампот за обука „Пепелиште“ денеска се одржа воена церемонија со којашто се означи почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“. Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството за одбрана.

На вежбата ќе учествуваат околу 1100 припадници од Армијата на Република Северна Македонија, како и одреден број на оценувачи и набљудувачи од НАТО. Од Министерството велат дека основната цел на вежбата „Блесок 22“ е оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО – CREVAL (Combat Readiness Evaluation).

На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на прва пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски, а пред учесниците на вежбата се обрати директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки.

Сумрачки истакна дека со успешна реализација на оваа вежба има можност да покажеме дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди, кои се потребни во заедничкото делување во справување со современите безбедносни закани.

Согласно планот на активности на вежбата, од Министерството информираат дека во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе отпочнат првичните активности за оценување на единицата по елементите на оценување во мирновремени локации.

– За реализација на вежбата „Блесок 22“ ќе се користи фиктивно сценарио, при што се креирани настани и инциденти кои ќе овозможат единицата да се извежба и оцени согласно НАТО стандардите, односно Лесниот пешадиски баталјон ќе може да ја демонстрира својата борбена готовност да се соочи со сложеноста на бојното поле, се вели во соопштението.

Оценувањето ќе го спроведува национален тим за оценување, кој е сертифициран од страна на НАТО школото за вршење на оценување на борбена готовност на копнените сили, според стандардите и процедурите на Алијансата при што ќе се оценуваат постапките во седум различни области на способност. Ова е прво оценување на поголем состав во Армијата по нашето полноправно членство во НАТО, за чија успешност голем мотив се високите оценки кои ги добиваме во досегашните години од страна на НАТО за успешно изведените вежби на претходните оценувања на декларираните состави, но и при извршувањето на мировните мисии.

За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи, зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето, по што резултатот ќе биде соопштен на оценуваната единица.

Next Post

Рамос сака да остане во ПСЖ и да докаже дека може да освојува трофеи

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk