ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ – Брегу: Секое одложување на преговорите со Северна Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните

April 6, 2022 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на регионот е во ЕУ и секое одложување на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните пред сè, оценија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Според нив, на патот кон ЕУ, многу важна е и регионалната соработка.

-Добрата и континуирана регионална соработка е важна за нас и за нашата безбедност. Затоа, потребна е синергија и заеднички проекти на кои ќе работиме заедно како партнери во исполнувањето на нашите обврски на патот кон ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ.

Во оваа насока, како што информира СЕП, двајцата соговорници се согласија дека е време да се видат плодовите од досегашната посветена работа и заложби на Владата за решавање на сериозните прашања преку пријателски дијалог, кои дадоа голем придонес во зајакнувањето на стабилноста на регионот.

Генералната секретарка Брегу посочи дека сите активности на Советот се насочени кон просперитет на регионот преку поврзаност на земјите од Западен Балкан и зајакната регионална соработка и покрај дозата на неизвесност која ја предизвикува воениот конфликт во Украина, посветено продолжуваат да работат кон остварување на регионалните цели.

Маричиќ и Брегу ги разгледаа можностите за унапредување на соработката преку конкретни нови  проекти со Регионалниот совет за соработка, согласно планираните приоритети во овој период за реализација на европските реформи.

Next Post

Панел дискусија за интеграцијата на ромската заедница во образованиот процес

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk