Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети локацијата на која се гради фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW“.
Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.
Со посетата ќе се одбележи завршувањето на градбата на електраната со тест период на целосно монтирана опрема. /MИА/.