ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ: На 1 Мај протест за линеарно зголемување на сите плати од 2.806 денари

April 8, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) одлучи наместо марш, на 1 Мај да организира масовен протест со кој ќе се изрази револт од незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата, која од овој месец  се зголемува од 15.200 на 18.000 денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција рече дека се отворени за дијалог, а другата страна како социјален партнер нека ги покани, како што рече, да го решат проблемот.

– А тоа е многу едноставно – 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати од 1 мај, вклучително од општиот работник до претседателот на државата. Со ова ССМ докажува дека е доследен на неговото барање. Ги повикуваме и сите останати конфедерации, унии, синдикати, незадоволни работници, пензионери, да се придружат на првомајскиот протест. На 1 Мај борбата ќе биде на улица, а не на плажите и на ски-центрите на планините. Ние, работниците, да ја сфатиме сериозно оваа порака – да излеземе на 1 Мај и да ги оствариме нашите права. Денеска е објавена синдикалната минимална потрошувачка кошничка  која изнесува 36.786 денари, порасната е за 922 денара зашто во јануари таа изнесуваше 35.811 денари. Дали ова кажува дека е неопходно и што побрзо зголемување на сите останати плати, истакна Димовски.

Ги повика сите синдикати, конфедерации и унии да се приклучат на нивното барање кое, рече, е фер решение за сите три социјални партнери. Не ја исклучува можноста, протестот да прерасне во генерален семасовен штрајк доколку Владата и работодавците во јавниот и во приватниот сектор не одговорат на нивното барање. Генерален штрајк ќе значи, рече Димовски, сите синдикати кои се во ССМ и онаму каде што имаат членови да прекинат со процесот на работа во работното време.

– 1 Мај се паѓа во продолжен викенд, но уште поубаво е сите да земеме зголемени плати. Се соочуваме со секакви криви – енергетска, економска, воена, уште ја имаме и КОВИД-кризата. Светот е погоден од голема рецесија и инфлација, но тоа не значи дека доколку се покачат платите дека ќе настане инфлација. Бидејќи знаеме дека цените на основните производи се ограничени, маржите се ограничени, даноците на производите се намалени и дојде време во ова невреме и на работникот да му се излезе во пресрет, додаде Димовски. /MИА/.

Next Post

Ковачевски: Ја почитувам одлуката на Зекири да се повлече од функцијата, тоа е акт на политичка одговорност

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk