Припадници на Министерството за внатрешни работи и персоналот од Амбасадата на САД во Скопје денеска ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација, информираат од МВР.
Од МВР известуваат дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.
Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.
Вежбата ќе се изведува во објектот на Амбасадата на САД.
Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, пишува во соопштението.





