Според прелиминарните податоци, во вториот круг од претседателските избори во Франција учествуваат актуелниот шеф на државата Емануел Макрон и лидерката на крајнодесничарската „Национална унија“ Марин Ле Пен, пренесува BBC.
Според првите излезни анкети, Макрон добил 28,1% од гласовите во првиот круг од гласањето, а неговата ривалка Ле Пен – 23,3%.
На трето место – кандидатот од левицата Жан Лук Меланшон со 20,1%. Десничарскиот политичар Ерик Земур добива околу 7,2% од гласовите и веќе изјави дека ќе ја поддржи Ле Пен.
Избори во Франција. Ќе успее ли „поранешната девојка“ на Путин да го победи Макрон?
Аналитичарите сметаа дека таков развој на настаните е можен. Анкетите пред гласањето покажаа дека Макрон останува фаворит, но тој беше само шест отсто пред Ле Пен.
Во вториот круг ќе се сретнат истите кандидати како и во 2017 година. Тогаш Макрон доби околу 66% од гласовите, а Ле Пен – околу 33%.
Пред пет години, Макрон лесно ја победи Ле Пен, но додека тој продолжува да доминира во француската политика, 44-годишникот се соочува со жестока битка на овие избори.
Како претседател, Макрон направи голем број реформи, вклучително и поедноставување на отпуштањата за компаниите, намалување на даноците и воведување строги безбедносни закони за борба против тероризмот. Но, тој мораше да се откаже од предложениот данок на гориво во 2018 година по неколку неделни немири.