ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги ублажија ценовните шокови и покрај глобалната криза

April 10, 2022 10:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за Медиумската информативна агенција за време на неговото учество на Економскиот форум Делфи истакнува дека воената агресија на Русија врз Украина докажа дека мора да постои блиска соработка помеѓу земјите, особено помеѓу соседните земји, информираат владините служби.

Акцентирајќи ги економските последици од оваа војната Ковачевски ги оцени како катастрофални за Европа, пред сé заради недостигот од енергенси, особено од гас и дека тоа се последици коишто ќе се чувствуваат и во иднината пред нас.

„Гледаме дека цените на енергенсите имаат историски најголемо покачување. Цените на храната имаат историски најголемо покачување. Дури веќе се појавуваат и недостатоци на храна на европскиот континент, за што сведочат сите економски извештаи од сите држави. Недостатоци од енергенси особено од гас, резервите во Европа се на најниско можно ниво и тоа се последици коишто ќе се чувствуваат и во иднината пред нас.“

Ковачевски во интервјуто посочува дека колку повеќе трае војната во Украина тие последици се повеќе ќе се продлабочуваат.

„Вие гледате дека инфлацијата е искачена на највисоко историско ниво во Европа, тоа нормално е и кај нас пренесено, бидејќи нашата економија е мала и отворена и е доминантно поврзана со германската економија. Така, ако ги видиме стапките на инфлација во Германија, тие се идентични со она што го има во Република Северна Македонија.“

Во интервјуто, премиерот посочи дека државата презеде навремени мерки кои помогнаа да се спречат големи ценовни шокови кои ги почувствуваа многу земји.

„Беа донесени низа на мерки уште пред на почетокот на оваа година со намалувањето на ДДВ на електричната енергија, бидејќи енергетската криза веќе беше започната пред воените дејствија. Донесовме и пакет на антикризни 26 мерки коишто се во насока на намалување на акцизата и ДДВ на нафтата и нафтени деривати. Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Исто така беа ограничени, прво беа замрзнати цените на прехранбените производи, а потоа беа и намалени и данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти на основните прехранбени производи и ограничени малопродажните и големопродажните маржи со цел да не се дозволи и да се спречи ценовен шок за граѓаните, во што и успеавме“, потенцираше Ковачевски.

Во интервјуто тој дополнува дека за најранливите категории на граѓани беа определени финансиски средства по 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и ја покачивме минималната плата на 18.000 денари.

„Пред доаѓањето на Владата на СДСМ и коалиционите партнери минималната плата беше дупло помала, односно 9.000 денари. Порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години. Сето тоа е забележано и од меѓународните финансиски институции, меѓутоа исто така и од регионалните медиуми и граѓани, практично давајќи ја Северна Македонија како позитивен пример на добро справување со оваа криза“, вели премиерот Ковачевски за МИА.

Се работи за исклучително голема криза, истакнува Ковачевски во интервјуто, и додава дека токму затоа одговорноста е уште поголема и Владата е на ниво на задачата за да обезбеди за граѓаните сé што е потребно во овие тешки времиња.

„Како премиер сум во секојдневна комуникација со премиерите од регионот. Во текот на неделата која што изминува имав и телефонски разговор со претседателот на Србија, господинот Вучиќ на којшто телефонски разговор за многу кратко време, се договоривме за исполнување на договорите коишто нашите компании од приватната мелничарска индустрија ги има со компании од Србија и беше дозволен извоз во целосната квота од 100.000 тони за државата. Истото се однесува и на други прехранбени производи. Ги помагаме и компаниите за да можат да обезбедат суровини за непречено производство и снабдување на населението“, вели премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА.

Next Post

Французите во Шангај не можат да гласаат поради „локдаунот“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk