ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Низ социјален дијалог со синдикатите до решение кое нема да ја зголеми инфлацијата

April 10, 2022 10:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, информирааат владините служби.

„Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки до сега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите аспекти на економијата, а ние сме во секојдневна комуникација и неделна координација со Народната банка, бидејќи не смееме да дозволиме одредени мерки коишто би се носеле од фискалната политика да влијаат негативно на монетарната политика и да ја подгреваат инфлацијата“, нагласува премиерот Ковачевски.

Се работи за исклучително тешка економска криза, најголема после Втората светска војна, нагласува Ковачевски, и додава дека Владата сите ресурси ги насочи за справување со неа со намалување на тековните трошоци во буџетот, со ограничување на непотребните трошења како што се трошоци за репрезентација, трошоци за набавка на возила, на мебел и така натака, освен она што е најнеопходно за образование, за војската, сé со цел да се ослободат финансиски средства за граѓаните и особено за оние коишто се најранливи.

„Јас знам дека нашите граѓани ја чувствуваат кризата, се работи за исклучително тешка економска криза. Ние сите ресурси ги имаме насочено кон справување со истата. Презедовме мерки за да ја одржуваме ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор и како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме, бидејќи сметаме дека не смее ценовниот шок да се прелее кај граѓаните. Само за споредба до колку не се тие  мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки, сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе и сметам дека граѓаните тоа го препознаваат“, посочува претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за МИА.

Next Post

Путин знае дека го лажат за војната во Украина, руските офицери се научени на ова уште од советско време

НАЈНОВО

Речиси 50% од глечерот Хекторија се распаднал за два месеца

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk