„Во овој наш свет месец Рамазан, моето срце е полно кога го славиме вака сложно и заедно.
За време на ланските пости повикав на одговорност за да се заштитиме себе и ближните, а оваа година сум среќен дека можеме и вака физички да сме заедно.
Овој свет месец не зближува на трпезата, во срцата и молитвата.
Им благодарам на претседателот и членовите на МАТТО, Стопанската комора Македонија-Турција за денешната покана на ифтарската вечера. Вечерва сум меѓу пријатели и тоа ме прави среќен.
На сите сограѓани им посакувам спокоен период на пост и молитва во месецов на Рамазан. Нека има здравје, среќа и бериќет во секое семејство! Во вашето, моето, во турското, македонското, ромското, во сите наши семејства, во ова наше убаво, шарено, богато со традиција и дух „Едно општество за сите“.