ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска – ИФЕС: Ефикасни и синхронизирани институции се столбот на доброто владеење

April 11, 2022 16:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше средба со претставници на „Меѓународна фондација за изборни системи“ ИФЕС, предводена од Катрин Елена, глобален легален советник и директорка на Центарот за антикорупција и демократија и Јоана Козмо, директорка на огранокот на ИФЕС во Северна Македонија.

На средбата беше разговарано за потенцијалните полиња за соработка, со акцент на реформите во правец на транспарентното и демократско владеење, унапредување на моделите за локалните и парламентарните избори и јакнење на ефикасноста на институциите.

Претставниците на ИФЕС укажаа на важноста од континуиран дијалог помеѓу изборниот процес и антикорупциските политики, како и на важноста на дигитализацијата како главна алатка на добро и транспарентното владеење.

Вицепремиерката Грковска ги запозна претставниците на ИФЕС со преземените активности на нејзиниот кабинет во сферата на доброто владеење, потенцирајќи дека фокусот на нејзината работа се дигиталната трансформација на општеството, транспарентност и ефикасност на институциите, како и антикорупциски политики.

На средбата заеднички беше утврдена важноста на фер и професионално спроведени демократски избори, како и имплементирање на принципот на интероперабилност во функционирањето на институциите. Вицепремиерката укажа и на важноста на соработката со граѓанскиот сектор и изрази задоволство од споделените искуства со овој сектор.

Гостите ја изразија својата силна поддршка на нашата земја во заложбите за транспарентното и демократско владеење и заеднички се согласија дека ќе продолжи плодната соработка за остварување на стратешката цел на Владата, државата да има професионални институции кои работат во полза на граѓаните.

Next Post

Лавров се заканува: Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk