ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две експлозии се причина за авионската несреќа кај Смоленск, во која загина Полскиот претседател Лех Качински

На 10 април 2010 година, високи полски функционери, вклучително и шефот на државата Лех Качински, началникот на Генералштабот на вооружените сили, политичари, свештеници и други функционери, со претседателски авион заминаа за Катин, во близина на Смоленск, Русија. Причината за заминувањето беше да им се оддаде почит на жртвите од масакрот 70 години претходно во 1940 година кога советската тајна служба НКВД во тамошната шума убила 22.000 претставници на полската елита.

April 12, 2022 14:59
in ДЕНЕС, СВЕТ

Полската истражна комисија задолжена да ги разјасни причините за авионската несреќа во 2010 година кај Смоленск, Русија, во која загина тогашниот претседател Лех Качински, денеска соопшти дека две експлозии го предизвикале падот на претседателскиот авион Тупољев 154М.

На 10 април 2010 година, високи полски функционери, вклучително и шефот на државата Лех Качински, началникот на Генералштабот на вооружените сили, политичари, свештеници и други функционери, со претседателски авион заминаа за Катин, во близина на Смоленск, Русија.

Причината за заминувањето беше да им се оддаде почит на жртвите од масакрот 70 години претходно во 1940 година кога советската тајна служба НКВД во тамошната шума убила 22.000 претставници на полската елита.

– Вистинската причина за катастрофата во Смоленск биле две експлозии во последната фаза од летот, се вели во извештајот.

Партијата на правото и правдата (ПиС) на Јарослав Качински, братот близнак на убиениот претседател, со години ја застапува тезата за експлозија.

Претходната истрага, покрената од либералната влада на Доналд Туск, ја отфрли тезата, заклучувајќи дека причина за несреќата, во која загинаа вкупно 96 лица, биле лошите временски услови.

Новиот извештај на 300 страници вели дека двете експлозивни направи најверојатно биле поставени за време на сервисот на авионот во Русија.

Според извештајот, сервисот бил извршен во фабриката Авиакор во Самара, која тогаш била во сопственост на рускиот олигарх Олег Дерипаска, тогашен пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Комисијата внимателно ги избира зборовите во извештајот и вели дека имало „можност“ да се постават експлозивни направи и преку шифрирана радио порака да се предизвикаат експлозии во „посакуваното време и место“.

Според извештајот, на делови од авионот биле пронајдени траги од експлозив. Исто така, снимката го открива шокот и извиците на екипажот и патниците во последните секунди од летот, а бучавата се толкува како резултат на првата експлозија.

Во првичниот извештај се заклучува дека авионот се судрил со дрво.

Новиот извештај сериозно ги обвинува руските контролори на летање дека „намерно“ им дале лажни информации на полските пилоти.

Барајќи да се идентификуваат можните нарачатели на операцијата, во извештајот се наведува „незаконско мешање“ против Качински во врска со неговата политика што била против интересите на Москва, но избегнува да зборува за „атентат“, како што Јарослав Качински ја нарече несреќата во неделата.

Тој бара во Полска и Русија да се откријат и да се казнат виновниците за несреќата.

Москва одбива да ги предаде остатоците од авионот, кои Варшава ги бара со години и вели дека ќе може да го стори тоа само откако ќе ја заврши сопствената истрага. /MИА/. 

Next Post

Полска уапси Русин под сомнение за шпионажа

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk