ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ја заврши расправата за измените на законите за социјална заштита и за административни службеници

April 12, 2022 18:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска во рамки на продолжението на 68-та седница, по попладневната пауза, ја продолжија расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита и за Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, и двата по скратена постапка. Заврши расправата, а со тоа и денешната седница, но пратениците не гласаа по предлог-законите, јавува МИА.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на денешната седница посочи дека претениците дополнително ќе бидат информирани кога ќе се гласа по предлог-законите за кои денеска се расправаше.

Во расправата доминираа повеќе теми како раст на трошоците на живот, грижа за граѓаните и за нивниот  стандард, зголеменувањето на минималната плата, иселувањето на младите, непостоење на нови фабрики, голема сиромаштија и корупција…

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници во скратена постапка е манипулативен и оти со него ќе се добие дисбаланс во систематизациите на работните места и во мотивацијата на работниците. Според пратениците од опозициската партија, досегашните економски мерки за подобрување на состојбите не даваат резултати и се контрапродуктивни.

Владејачката СДСМ, пак, смета дека е потребно скалесто покачување на платите за што, според нив, придонесува новото законско решение кое е добра основа тоа да се постигне. Потенцираа дека Владата успешно се справува и со актуелната криза и со економските предизвици.

Во продолжение на 68-та седница пратениците треба да расправаат за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост. За него ќе се расправа кога ќе бидат создадени деловнички можности бидејќи се уште не е завршена расправата во матичната комисија, односно Комисијата за финансирање и буџет.

Собранието утре продолжува со 57-та седница.

Next Post

Лазаров го објави списокот на ракометари кои ќе отпатуваат на првиот бараж-дуел со Чешка

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk