Масовно крадење на државни пари у употреба во партиски цели за крадење на избори. Тоа се случаите ‘Титаник 1’ и ‘Титаник 2’. ВО тие предмети тројца секретари на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека тоа го правеле во интерес на партијата“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ како реплика до Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека трагично е Јаулески да зборува за криминална партија, кога меѓународните институции подготвуваа посебни извештаи за криминалите и режимското функционирање на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали се сеќавате на констатацијата ‘заробена држава’? Дали се сеќавате дека во време на вашиот режим, на вашиот се уште актуелен лидер Никола Груевски извештаите се изготвуваа посебно, само за нас. Гласеа извештај на ПРИБЕ, во извештајот на ПРИБЕ кој беше правен специјално за вашата Влада, за режимот, се утврди масовно прислушување и кршење на човековите права, знаете како се вика тој ваш проект? ‘ТАРГЕТ – ТВРДИНА’. За него има затворски пресуди веќе“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека токму поради таквото однесување, Груевски се најде на црната лисата на САД и дека доколку, според Јаулески, со СДСМ земјава е далеку од ЕУ, со ВМРО-ДПМНЕ таа е блиску до црната листа на САД.
Д. Е.




