ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата

April 13, 2022 15:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани,  повика да се најде неопходен консензус за да се избегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата. Во допис до медиумите соопшти дека УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата.

– Вработените во образовниот сектор, исто како и сите други работници, имаат право да ги заштитат своите работнички права со штрајк. Во исто време, децата во Северна Македонија не можат да си дозволат дополнителен прекин на наставата и учењето. Мора да се изнајде брзо решение кое ќе им одговара на сите страни, а особено на децата, истакнува ДиЏовани.

Таа укажува дека Северна Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието и  повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, вели таа, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година.

-Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи. Сега, повеќе од кога било, треба да ја забрзаме реформата во образованието и притоа мора да го имаме предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој, наведува претставничката на УНИЦЕФ.

Нагласува дека дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат.

-УНИЦЕФ ги повикува сите инволвирани во преговорите брзо да дојдат до неопходен консензус за да се одбегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата во земјата. Решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование, вели Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани. /МИА/

Next Post

Неделков пред средбата во МОН: Оптимисти сме за денешната средба

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk