Португалецот и неговата сопруга побараа приватност откако ја објавија веста за смртта на новородениот син. Во исто време, Ронадло потврди дека се е во ред со девојчето кое се родило. Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез претходно објавија дека очекуваат близнаци, пишува Спорт Клуб.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) April 18, 2022
„Со голема тага ве известуваме дека нашиот син почина. Тоа е најголемата болка со која може да се соочи еден родител. Само раѓањето на нашето девојче не исполнува со надеж и радост.
Би сакале да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за сета професионална помош и грижа. Сите сме обземени од тага и најмногу ве молиме за приватност во ова тешко време.
Наше момче, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, порача Португалецот во објавата на социјалните мрежи. Роналдо има четири поголеми деца, синовите Кристијан Џуниор и Матео и ќерките Ева и Алан.
превод: М. М.