ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП: Повеќе мерки кои се во интерес на унапредување на правата на децата и лицата со попреченост

April 20, 2022 11:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика во соработка со другите релевантни министерства и институции, а врз основа на барањата на здруженијата на граѓани на лицата со попреченост и родителите на децата со попреченост, годинава ќе спроведе повеќе мерки кои се во интерес на унапредување на нивните права, меѓу кои и воведување на регистар и подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027.

Од МТСП информираат дека се ослободуваат од партиципација лицата со попреченост над 26 години корисници на правото за попреченост при специјалистичко-консултативна здравствена заштита, болничко здравствена заштита и за лекови издадени на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Предвидени се и следните мерки:

· измена и дополнување на Законот за заштита на детето со кое ќе се овозможи покачување на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници;

· намалување на возрасната граница за остварување на правото за траен надоместок за родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст;

· измена на Законот за социјална заштита со кое ќе се дополни делот за децата/ лицата кои можат да ја користат услугата за лична асистенција и за децата/лицата со комбинирана попреченост, но каде едната од попреченостите е  најтешка телесната попреченост;

· измена и дополнување на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, каде се предвидува цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.

· воведување на Регистар за лицата со попреченост;

· измена на Правилникот за ортопедски помагала со што ќе се овозможи да се доделуваат ортопедски помагала – чевли на секои 6 месеци за сите возрасни групи;

· подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027;

· обезбедување на обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри;

· отворање  на Центар за рана интервенција во соработка со Министерството за здравство и со Граѓанските организации;

· отворање на 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.

Министерството, се вели во соопштението од МТСП, ќе продолжи да ги унапредува правата на децата и лицата со попреченост во консултација со граѓанските организации, Националните Сојузи и родителите на децата со попреченост со кои во изминатите три години ги реализиравме следните мерки и политики:

· воведување на две целосно нови услуги за децата и лицата со попреченост – Лична асистенција (269 денари за час) и услугата Домашна нега (289 денари за час);

· проширување  на правото за попреченост за лицата со интелектуална попреченост;

· зголемување на додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост,  до 50% од просечна нето плата;

· воведување на траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж (8000 денари месечно);

· зголемување на износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15% и дополнително овој износ се зголемува за 25% и изнесува 6276 денари за материјално необезбедени семејства и зголемување за 50%, односно 7531 денар за самохраните родители коишто имаат дете со попреченост;

· обезбедени средства и вработување на 500 образовни асистенти во наставата за кои се обезбедени 216 милиони денари;

· отворени 7 станбени единици за живеење со поддршка за 35 лица до Специјалниот Завод Демир Капија.

Од МТСП, информираат дека Министерството ќе продолжи да биде отворена институција за сите, бидејќи, како што велат, само заедно може да ги подготвиме најдобрите решенија кои се во интерес на подобрувањето на пристапот до правата и услугите од социјалната заштита, но и пристапот до пазарот на трудот и подобрување на капацитетите за вработување кај лицата со попреченост./МИА/

Next Post

Во Запорожје „кадировците“ застрелаа руски војници кои организираа бунт

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ