Министерството за надворешни работи на Јапонија објави дипломатски водич „Сината книга на дипломатијата“, во кој за прв пат по 20 години јужните Курили се признати како територија „нелегално окупирана од Русија“. Ова го објави NHK, пишува Kp.ua.
Во документот се забележува дека северните територии се „територија која и припаѓа на Јапонија, но сега незаконски окупирана од Русија“. Ова го нема во документот од 2011 година.
Сината книга на дипломатијата е документ кој ја сумира политиката на јапонската дипломатија. Се објавува секоја година од 1957 година.
На 7 март, јапонскиот премиер Фумио Кишида го нарече јужниот дел на Курилските острови како територија на јапонските предци. После тоа, Руската Федерација одби да преговара со Јапонија за мировен договор за островите.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида ја нарече одлуката на Руската Федерација „неправедна“ и „целосно неприфатлива“.
Превод: Жорж Димовски