Во белгиското пристаниште Зебриж (Zeebrugge) „заглавија“ 8.000 луксузни автомобили кои пристигнаа од Азија и требаше да завршат во Руската Федерација, но паднаа под санкции. Ова го објави The Wall Street Journal.
„Автомобилите, вклучително и некои од најновите модели на Лексус, Кадилак и Мерцедес, пристигнаа од Азија во првата недела од април. Тие требаше да бидат пренесени во Русија, но потпаднаа под забраната за луксуз, која забранува извоз на автомобили во вредност од повеќе од 50.000 евра.што е еднакво на 54.000 долари“, пишува весникот.
Не е познато до кого требало да стигнат овие автомобили во Русија. Најверојатно тие ќе останат долго време во пристаништето и ќе се продаваат на различни маркети. Зебриж има простор за 10.000 возила, според Марк Адриаенсен, директор на автомобилскиот терминал на пристаништето.
Повеќе од 1.000 контејнери кои пловеле за Русија се блокирани во Зебриж заради проверка, според информациите добиени од пристанишните службеници. Слични проблеми имаат и голем број други извозни центри низ Европа.
Сепак, иако на бродовите под руско знаме им е забранет влез во европските и американските пристаништа, многу од нив пловат под други знамиња и се регистрирани надвор од Русија.
Превод: Жорж Ј Димовски