ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исплатени субвенции за овоштaрите, 434 милиони денари за оддржување на овошни насaди

April 28, 2022 13:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на сметките на 10.479 овоштари исплатени се  субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Висината на директните плаќања за јаболка изнесува 41.000 денари по хектар, односно 50.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.

Висината на директни плаќања за слива и праска изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари за земјоделски стопанства со пријавени површини од минимум 1 до 5 хектари.

За круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка висината на директни плакања изнесува 33.000 денари по хектар, односно 36.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.

Директните плаќања за дуња, мушмула, актинија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник се во износ од 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.

Финансиската поддршка за ореви и питоми костени изнесува 15.000 денари по хектар односно 18.000 денари за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари

Финансиската поддршка обезбедена преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе продолжи и во следниот период преку исплата на мерките од програмата за директни плаќања и интервентниот фонд.

Исто така, а согласно новата Програма за директни плаќања, од оваа година  за прв пат стартува пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите оваа година ќе имаат две исплати.

Next Post
Џабир Дерала

За агресија или за европски слободи? Пораката е јасна, изборот е очигледен!

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk