Експертизата на ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата. Тоа е потврдено со бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број функционери од ВМРО-ДПМНЕ, пишува во соопштение на СДСМ.
Таму, пред судовите треба раководството на ВМРО-ДПМНЕ да дава своја експертиза. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно однесување, Мицкоски ја покажува својата немоќ и безидејност. Избори ќе има во 2024 година и тоа е затворено прашање, велат од СДСМ.





