ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Производството на храна е стабилно, сите земјоделци да ја искористат помошта на Владата

May 2, 2022 18:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најпрво би сакал на сите граѓани од исламска вероисповест да им го честитам Рамазан Бајрам, посакувам мир, здравје и бериќет, истакна на прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Светската криза е предизвик кој бара сериозност и државничко однесување. Наша одговорност како партија која ја предводи државата е да го одржуваме производството на храна стабилно и одржливо.

Националниот план за производство на храна се спроведува со засилено темпо. Аплицирањето е за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед е веќе започнато.

Ги повикуваме сите земјоделци кои ќе набават вештачки ѓубрива во периодот од 01.12.2021 – 31.05.2021 да аплицираат и да ја искористат помошта, која ја обезбеди Владата предводена од СДСМ.

Висината на финансиска поддршка изнесува:

4.000 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со пченица и пченка

2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со јачмен

2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 100 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со сончоглед

400 денари по хектар за набавка на најмалку 6 л по хектар течни фолијарни ѓубрива за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.

Покрај петте јавни повици за финансиска поддршка кои се објавија изминатиот период, објавен е уште еден јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за кофинансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади како и повеќегодишни ароматични растенија.

Периодот кој е опфатен со поддршката е од 01 април 2021 година до 31 март 2022 година.

Прифатливи се трошоците за набавка на новите насади, градежни материјали и елементи за потпорна конструкција, како и услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште и извршување на градежните работи.

Максималната поддршка по корисник изнесува 6 милиони денари, а кофинансирањето е до 75% од инвестицијата.

Крајниот рок за доставување на барањата за исплата е 31 мај 2022 година.

Поддршката за овоштарството продолжува.

Како што беше најавено, исплатени се субвенциите на над 10.000 овоштари за одржување на овошни насади во висина од 434 милиони денари за над 14.000 хектари пријавени земјоделски површини.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е искрен партнер на земјоделците од сите категории. Продолжуваме посветено со неселективна поддршка, поддршка за сите“, истакна Георгиевски.

Next Post

(ГАЛЕРИЈА) Зеленски објави фотографии од руската деструкција и грабеж

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk