ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СБ: Затегање на фискалните политики и таргетирани и временски ограничени мерки за поддршка

May 4, 2022 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Светска банка ги намали проекциите за економскиот раст во земјава на 2,7 проценти од претходно проектираните 3,7 проценти, како резултат на енергетската криза и последиците предизвикани од руската инвазија на Украина, јавува МИА.

Проекциите што денеска во Скопје ги презентираше Светска банка се темелат на претпоставката дека кризата ќе се ублажи во вториот квартал од годинава. Тие се направени пред месец и половина, кога почна војната, а поради неизвесноста со кризата, од Светска банка најавуваат дека до крајот на годината најверојатно ќе излезат со уште две проекции.

Во најновиот полугодишен извештај, очекувањата на Светска банка се дека фискалниот дефицит ќе остане висок, поради континуираната поддршка на фирмите и домаќинствата за ублажување на влијанието од енергетската криза и војната во Украина. Постепено намалување ќе има до 2024 година, оставајќи го јавниот долг над 64 проценти од БДП.

Препораката е да се стегнат фискалните политики, мерките за поддршка да бидат таргетирани кон најранливите категории и да бидат временски ограничени, односно да запрат кога ќе се подобрат условите на подобро.

– Мерките како намалување на данокот на додадена вредност треба да бидат временски ограничени. Мислам дека во случајот со Северна Македонија има краен рок, меѓутоа ваквите мерки доста е тешко да се запрат. Кога луѓето ќе се навикнат дека стапката на ДДВ е пет наместо 18 проценти, многу тешко е да се вратите на 18 проценти, истакна Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан на денешната презентација на извештајот.

Простор за рационализација на трошењата, според Светска банка, има во делот на субвенциите што ги има во Програмата за државна помош, додека во однос на даночното оптоварување, забелешката е дека има многу исклучоци што предизвикуваат даночна ерозија, која во дадениот момент, е проблем, бидејќи има притисок во делот на трошењето. Она што треба да се направи, според Светска банка, е да се зголемат приходите и да се намали дефицитот.

– Северна Македонија припаѓа во групата на земји со мало даночно оптоварување. Проблемот е што имате многу исклучоци поврзани со фирми кои работат во ТИРЗ или на пример данокот за личен доход во ИКТ секторот, што беше воведен минатата година. Сето тоа доведува до ерозија на даночната основа и ова не би било проблем ако немате притисок во делот на трошењето, рече Маџаревиќ-Шујстер.

Очекувањата се дека годинава зголемувањето на пензиите ќе биде големо со оглед на фактот дека цените растат, а индексацијата на пензиите што беше воведена во 2019 година, беше ценовна.

Најпогодени сектори, според Светска банка, ќе бидат енергетскиот сектор, земјоделството и автомобилската индустрија, а доколку продолжи војната во Украина, тогаш дополнително ќе се намали надворешната побарувачка, ќе се зголемат цените на основните стоки и енергијата и ќе се одложат инвестициите.

Најновата криза, смета Светска банка, нема значително да влијае на миграцијата.

Next Post

Неделков: На почеток на преговорите сме, изгубените часови да се надополнат и учебната година да заврши на 10 јуни

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk