ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката училиштата да продолжат со настава додека траат преговорите помеѓу СОНК и Владата

May 4, 2022 14:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

УНИЦЕФ ја поздравува заедничката одлука на Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука за продолжување на наставата додека трае процесот на преговори во наредните недели, jавува МИА.

– Со оглед на задоцнетиот почеток на учебната година и пролонгираниот штрајк на наставниците, императив е не само да се избегнат дополнителни загуби во учењето, туку образовниот систем да закрепне од постоечката криза во учењето и да ја ублажи долгорочната штета врз добросостојбата на децата, севкупниот развој и продуктивноста на општеството. Голема е веројатноста дека овие загуби ќе имаат негативно влијание врз децата денес, но ќе се одразат и на нивната иднина и социо-економскиот развој на земјата, се вели во соопштението од УНИЦЕФ.

Исто така, УНИЦЕФ го поздравува и го охрабрува вклучувањето и учеството на младите во изнаоѓање решенија за да се надомести пропуштеното  во учењето, да продолжи наставата и да се најдат решенија за државната матура. Воедно, УНИЦЕФ потсетува дека, особено во ситуации во кои децата и младите го носат најголемиот товар, одговорност е на општеството како целина да создаде услови тие безбедно да го изразат своето мислење онлајн и преку други канали и ги повикуваат медиумските професионалци да ги задржат високите стандарди на известување кога се вклучени деца и млади, како и досега.

– Сега кога децата се повторно во училишните клупи, неопходно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на детето за да се постигнат планираните резултати во учењето. Треба исто така да имаме на ум дека една учебна година се остварува со 172 дена настава, а не со достигнување фиксен датум во календарот. Во тој контекст, го охрабруваме Министерството за образование и наука да изнајде решенија кои ги вреднуваат различните потреби на учениците имајќи го предвид  најдобриот интерес на учениците. Најверојатно таквата флексибилност и разновидни решенија ќе бидат потребни и за државната матура, се вели во соопштението од УНИЦЕФ.

Уште еднаш, УНИЦЕФ го поздравува заедничкото решение кое обезбедува приоритет на најдобриот интерес на децата.  Додека траат преговорите помеѓу Владата и СОНК, УНИЦЕФ ги охрабрува сите чинители да се стремат кон решенија со кои ќе се одбегнат какви било понатамошни прекини во учењето на децата и да ги земат предвид многу потребните пошироки образовни реформи кои ќе овозможат остварување на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование.

Next Post

Онлајн средба Грковска – Квасни: Политиките за добро владеење се неопходни во спортот, поддршката од Советот на Европа е од клучно значење

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk