ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележан 7 мај – Ден на македонската полиција: Институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните

May 7, 2022 15:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
7 мај. Ден на македонската полиција. Делчево: Фото: МИА

7 мај. Ден на македонската полиција. Делчево: Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „МВР за граѓаните“ и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 мај. На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и други министри и претставници од Владата, претставници од амбасадите во РСМ, директори на полициите од земјите од регионот, пензионирани припадници на МВР, семејства на загинатите припадници на МВР, пратеници во Собранието, како и претставници на други институции.

Mинистерот Спасовски додели плакети за успешно реализирани оперативни акции и најдобри постигнати резултати во МВР за 2021 година, а во своето обраќање по повод свеченоста, меѓу другото истакна дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби и ставови, воспоставени се модерни стандарди коишто целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата,  а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија.

Следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна преспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациски единици веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера, порача Спасовски.

7 мај. Ден на македонската полиција. Делчево: Фото: МИА

Спасовски упати и порака дека полицијата може и мора да остане доследна на трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот и законитоста; на редот и поредокот и секако, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани.

Џафери упати честитки по повод празникот и апелираше до сите припадници на МВР,  да бидат првата врата на која ќе тропнат граѓаните, првиот број на кој ќе се јават секогаш кога ќе се почувствуваат беспомошни и небезбедни.

– Затоа што е важно да се стекне и одржи високо довербата кај граѓаните, и да бидете пример за тоа што значи професионален полициски службеник во служба на граѓаните.  Длабоко сум убеден дека заемната доверба и соработката низ останувањето на вистинската праведната страна на законот, ќе придонесат да имаме побезбедни улици, подемкоратски и пооправенди институции кои по ништо нема да заостануваат зад високостандардните европски полициски сили. Собранието на РСМ ќе биде, како и досега отворено за ваши предлози, сугестии и законски измени кои ќе бидат во насока на подобрување на ефикасноста на МВР, во насока на подобрување на вашиот статус, порача Џафери.

7 мај. Ден на македонската полиција. Делчево: Фото: МИА

Централната прослава и содржините спакувани во неа дадоа одлична можност и за дружење на граѓаните со припадниците од организациските единици на полицијата кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации.

Во градскиот парк во Делчево беше презентирана дел од опремата, ресурсите и вештините на припадниците на организациските единици на МВР, а најинтересниот дел беше за најмладите кои се дружеа најмногу за полицајците и имаа можност да се запознаат со изложената опрема и возила, додека повозрасните граѓани кои денеска беа присуни во градскиот парк се запознаа со потенцијалот и опремата што ја поседува македонската полиција.

Во културно-забавниот дел од прославата настапија фолклорните друштва од Делчево, „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“, ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, како и пеjачката група „Ѓурѓа”. На сцената, гимназијалката Сандра Марковска, која е првонаградена на литературниот конкурс со наслов „Безбедно детство“, ја прочита својата наградена творба. Свеченоста се заокружи со концерт на познатите македонски естрадни уметници Дац и Александар. /МИА/

 

Next Post

Мета со порака до Рама: Ништо нема да го спречи откривањето на нарко-владините скандали

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk