Низ активности, соработка и користење на инструментите на ММФ и на Европската Унија, ќе се обезбедат финансиски средства, кои ќе имаат најдобра цена на капиталот, кој ќе биде ангажиран, а се со цел да се финансира дефицитот кој го најавивме за Буџетот за 2022, а тогаш не беше предвидена војната во Украина и дополнително растечките цени на енергенсите и храната, појасни денеска премиерот Димитар Ковачевски од Стенковец, одговарајќи на новинарско прашање за соработката со Меѓународниот монетарен фонд.
Премиерот нагласи дека не се работи за аранжман со ММФ, туку дека тоа е еден од инструмените кои ги нуди Фондот.
Тој информираше дека работат на планирање на расходната и приходната страна од Буџетот и, како што рече, штом ќе биде завршено, согласност стандардите за финансиско и фискално планирање, тоа ќе биде поднесено во Собранието во форма на ребаланс кој веќе е најавен.





