Рускиот тенк Т-90М беше погоден во близина на Харков од војници на 127-та бригада за територијална одбрана, изјави неговиот командант, полковник Роман Гришченко, пишува Agents.media.
Според Гришченко, бригадата користела рачен противтенковски фрлач на гранати “Карл Густав“, испорачан од Шведска,. Ова е прв познат случај на уништување на тенк Т-90М во Украина.
Тенкот Т-90М е најновата модификација на рускиот главен борбен тенк Т-90. Тој има подобрен оклоп, систем за сателитска навигација и надграден топ. Руската армија е вооружена со околу 100 такви тенкови. Уништувањето на еден од нив утрото на 7 мај го потврди британското воено разузнавање.
Шведскиот рачен фрлач на противтенковска граната „Карл Густав“ е дизајниран да уништува оклопни цели, утврдени градби и позиции за гаѓање. Шведска почна да испорачува рачни противтенковски фрлачи на гранати на Украина на 27 февруари.
Превод: Жорж Димовски