ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст​

May 12, 2022 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска присуствуваше на официјалната промоција на дигиталните алатки „Сиборд“ и „Сузе“ за алтернативна и аугментативна комуникација. Настанот беше организиран од страна на УНИЦЕФ, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на реформата во делот на заштита на децата,  за на секое дете да му обезбедиме услови за оптимален раст и развој. Токму затоа, тековната владина Програма за развој на дејноста за заштитата на децата за 2022 година, предвидува унапредување на инклузивната пракса во установите за деца, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги низ целата земја, со посебен акцент на децата од ранливите групи и децата со попреченост“ изјави Тренчевска.

Министерката истакна дека алатките се од особена важност за унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст, овозможувајќи им на децата со тешкотии во говорот да ги искажат своите мисли и непречено да комуницираат со сите во нивното окружување.

„Апликацијата Сиборд, локализирана на македонски и на албански јазик, ќе овозможи да се зголеми опфатот на невербалните деца и децата со отежнат говор во градинките ширум државата, и ќе им помогне во нивниот когнитивен и социо-емоционален развој. Aлатката е веќе имплементирана како пилот програма во неколку градинки во Скопје. Во обуката за нејзино користење опфатени се околу 70 лица кои се дел од кадрите во градинките, центрите за лица со попреченст како и училиштата. Алатката е користена на глобално ниво, а сега е веќе прилагодена за употреба и кај нас. “ изјави Тренчевска.

“Децата кои имаат тешкотии со говорот често се мачат да бидат разбрани, а тоа може негативно да влијае на нивните секојдневни интеракции, развој, образование и социјална вклученост. Со Сиборд, децата добиваат глас, можност да проговорат, да учат, да се развиваат и да се изразат себеси, а со тоа и шанса да покажат што можат да постигнат. Ги охрабруваме родителите и наставниците да ја користат оваа алатка за да се создаде комуникациски мост што ќе овозможи учество и инклузија на децата во пошироката заедница и во општеството. “ рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Тренчевска посочи дека Министерството продолжува посветено да работи на унапредување на системот на детска заштита со што ќе им се овозможи на сите деца без оглед на попреченоста средината од која доаѓаат, јазикот кој го зборуваат, образованието и потеклото на родителите, да добијат сеопфатна поддршка за да го развијат својот потенцијал.

Алатката е имплементирана во соработка со Асоцијацијата за асистивни технологии „Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Next Post

Петровска на Денот за високи гости на вежбата „Swift Response – 22“: Кога сте НАТО не сте сами

НАЈНОВО

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
Фото: Скриншот, видео Нефликс на Јутјуб

(ВИДЕО) Пентагон реагира за филмот на Кетрин Бигело „House of Dynamite“ на Нетфликс

October 27, 2025

УХМР: По дождот, доаѓа стабилно време

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk