ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во Северна Македонија се креира регистар за младински социјални претпријатија,  апел до граѓаните за внес на податоци и поддршка на процесот

Одговорите на прашалниците ќе послужат за да се вклучат сите чинители во мапирањето и регистарот кој ќе се користи од НМСМ за подобро структуирање на компонентата за градење капацитети и отворениот повик за финансирање на постоечки и ново-основани социјални претпријатија.

May 12, 2022 11:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за социјални иновации АРНО е ангажирано од Националниот Младински совет на Македонија (НМСМ) за мапирање на младински социјални претпријатија и идеи на територијата на С Македонија во рамките на проектот Social Entrepreneurship for Youth Employment – Социјално претприемништво за младинско вработување. За таа цел, АРНО креира сеопфатна дата база преку дисеминација на прашалници кои треба да ги дадат основните информации.

– Сите млади (15 до 29 г.) кои имале/имаат идеја за социјално претпријатие треба да го пополнат овој прашалник https://forms.gle/k8jFN6twqExFtRTv7. Постоечките социјални претпријатија/релевантни ентитети кои вработуваат млади и/или се водени од млади, треба да го пополнат овој прашалник https://forms.gle/xgvcxLqkiEwLydZC9, информираа од АРНО.

Посочуваат дека прибирањето податоци е многу важна работа, затоа што потоа од анализите се гледа каков вид на поддршка е потребна, каде има потенцијал, што е тоа што е тренд, дали младите имаат идеи повеќе во област на земјоделие, култура, уметност или IT, дали има млади со попречености кои се пример за работна интеграција, во кој дел од земјата ни е потребно да се мобилизираме, какво знаење е потребно, вештини на младите и сл.

– Ние како граѓани сме должни сами да придонесеме во процесите, да соработуваме, не само да чекаме и да посочуваме со прст. „АРНО“ работи речиси 10 години и имаме и пријатели, колеги кои ги знаеме, сме ги поддржувале, сме ги промовирале, но после КОВИД пандемијата не знаеме кој се престанал да работи, или кој е нов на сцената на социјалното претприемништво. Затоа, бараме помош и поддршка, сите кои знаат младински социјални претпријатија и идеи да го пополнат прашалникот-кој се користи на почеток од процесот. Не прашувај што може социјалното претприемништво да направи за тебе, прашај што ти можеш да направиш за него. Еве, доволно е 10 минути за да се помогне на процесот за креирање на базата која ќе ни користи на сите, апелира Марјан Ицоски од АРНО.

Одговорите на прашалниците ќе послужат за да се вклучат сите чинители во мапирањето и регистарот кој ќе се користи од НМСМ за подобро структуирање на компонентата за градење капацитети и отворениот повик за финансирање на постоечки и ново-основани социјални претпријатија.

По комплетирањето, мапирањето и регистарот ќе бидат јавно достапни на страната на НМСМ и слободни за користење и дополнување од сите заинтересирани страни./МИА/.

Next Post

Медведев предупреди на можна нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО

НАЈНОВО

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk