ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Скратувањето на непродуктивните расходи можност за нови мерки за граѓаните

May 13, 2022 20:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку скратувањето на расходите со ребалансот на буџетот, Влада отвора можност за нов пакет на мерки за граѓани, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во вечераншото гостување во емисијата „10 минути” ТВ 21, јавува МИА.

Тој истакна дека со ребалансот на Буџетот ќе има значително скратување на расходите во однос на непродуктивните трошоци и другите расходи на буџетските корисници.

На ваков начин, според Бектеши, се разгледува можноста доколку има потреба од нови мерки со единствена цел да им се помогнат граѓаните.

Во однос на прашањето со состојбата со маслото за јадење министерот Бектеши, посочи дека Северна Македонија ги има потребните количества за задоволување на внатрешните потреби.

– Во јавноста е креирано мислење дека ние 100 проценти увезуваме од Србија, што не е точно. Нерафирано масло и сончоглед, Северна Македонија главно увезува од Република Бугарија и моментално се увезува од Украина, затоа што трговците, сигурно во соработка со државните институции, отвориле различни коридори за да се увезува маслото, рече Бектеши.

Тој исто така одговараше на прашање како е одлучено да се извезува маслото за јадење во Албанија, односно истакна дека кризата треба да ја менаџираме заеднички како регион.

– Со цел да бидеме посолидарни и да ја зголемиме трговската размена меѓу нашите држави мислевме дека е соодветно да извезуваме рафинирано масло за јадење. Што се однесува до нерафинираното масло и сончогледот, моментно имаме доволни количества за производство. Намалувањето на цената на маслото за готвење зависи од светската берза и увозните цени. Но, ако се отворат сите коридори на увезување од Украина, која е најголемиот производител на сончоглед не само во Европа, туку и пошироко, тогаш верувам дека ќе имаа стабилизирање на цените, рече Бектеши.

Министерот Бектеши воедно вечерва му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека за него е чест што е министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.

– Што се однесува до мојата изјава јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Бектеши.

Next Post

Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk