ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Потеклото на митот за петок 13-ти

May 13, 2022 10:04
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Многумина знаат за 13 и 666 како броеви коишто се лош знак или предвесник, според познатото предание и суеверните убедувања. Но, во некои делови на светот, има и „пострашни“ броеви од нив. А од друга страна пак, има и општоприфатени среќни бројки.

Патем, од каде потекнува „светскиот страв“ од „петок, 13-ти“? Историјата и митологијата велат дека тоа е изворно скандинавски мит,  за 12-те богови кои вечерале без Локи, богот измамник меѓу нив. Тој пристигнал последен, како 13-ти, но непосакуван гостин на гозбата и го натерал Ходр – слепиот бог на храброста и на војната, да го застрела неранливиот Балдр – бог на смелоста и стаменоста, со смртоносното за него оружје, стрела од имела. Преданието вели дека тој починал во петок, на 13-ти и, „земјата ја покрила темнина“.

Ширум светот има и бројни други слични преданија, коишто можеби и не се толку познати.

Во Шпанија, на пример вторник, 13-ти е многу поозлогласен од петок, 13-ти. На тие денови, суеверните луѓе се плашат дури и да излезат да го фрлат отпадот. Целата приказна, се вели, произлегува од Марс, римскиот бог на војната. Неговото име на шпански јазик значи – вторник. Легендите говорат и дека Константинопол првпат паднал под нападите на турко-монголската Златна Орда во вторник, на 13 април 1204 година. Уште повеќе, се вели и дека познатата библиска приказна каде Бог внел забуна кај градителите на Вавилонската кула, е поврзана со вторник, 13-ти.

Во многу светски култури, бројката 7 значи „совршенство“, но во Кина луѓето веруваат дека токму бројот осум носи среќа. Така, на пр., таму и луѓето што купуваат стан, настојуваат или претпочитаат тоа да биде на осми кат и, по можност, на влезната врата да има бројка осум.

Но, од друга страна, во Кина и други азиски земји, бројот четири, како што се верува – носи несреќа, оти на кинески јазик, „четири“ звучи слично како зборот за „смрт“.

Бројот 666 е ознаката на sверот, на Сатаната со седум глави со по 10 рога, како што е опишано во книгата „Откровение на Јован: Апокалипса“. Според христијаните, тоа е и бројот на Антихристот.

Во САД, пак, има суеверие за бројот 23. Се вели дека римскиот император Гај Јулиј Цезар бил прободен 23 пати со нож. Согледувајќи ја, пак, годината на раѓање (1967) и на смртта (1994) на славниот рок-пејач Курт Кобејн, и во двата случаја, збирот на цифрите е 23 (1+9+6+7=23, 1+9+9+4=23). Натаму, нападот на кулите-близначки во Њујорк, се случи на 11.09.2001 година – 9+11+2+0+0+1=23…

Има стотици други примери коишто посветените следбеници на овој „култ“ грижливо ги документирале. Предминатото десетлетие, Холивуд го сними и филмот „Бројот 23“ – хорор-крими-мистерија со Џим Кери во главната улога./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk