Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се договара како да ги блокира граѓаните и државата. Упорни да направат штета по секоја цена со цел да остварат лична и партиска корист, пишува во соопштение на СДСМ.
Граѓаните, медиумите и сите јавни личности едногласно го осудија бојкотот на Собранието и ова делување на опозицијата но тоа не го предомислува Мицкоски да се откаже од овие погубни стратегии. Граѓаните не смее да бидат жртви на себичноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ повторно ќе ги порази новите деструктивни идеи на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз економијата и граѓаните. Ги повикуваме да се вразумат и да се откажат од ваквата политика на деструкции, насилство и блокади и конечно барем еднаш да застанат зад државните интереси, пишува во партиското соопштение.
Мицкоски конечно мора да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, кој се повеќе е очигледно дека целосно ја контролира партијата. ВМРО-ДПМНЕ за жал останува заробена партија во криминал и непроменета во однос на начините на делување и водење политики. Уште еднаш повторуваме дека избори ќе има во регуларен рок на кои овие политики на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат силно поразени, велат од СДСМ.